Таа:
– Сакам да бидам твојата фантазија!
Тој:
– Е како, ќе се претвориш ли во Ауди А6-ка?
– – – – – – –
Разговараат двајца пријатели:
– Ти за што си, да имаат ли еднакви права мажите и жените?
– Дефинитивно ЗА!!! Преку глава ми е постојано жена ми да ми командува…
– – – – – – –
Денес сфатив дека Ајнштајн бил во право кога рекол дека сѐ е релативно. Должината на 1 минута, зависи од тоа од која страна на вратата на тоалетот си!
– – – – – – –
– Колку кила си?
– 50 и кусур!
– Е колку е тој кусур?
– Пааа… 43 кила…
– – – – – – –
– Како се измислени ирските танци?
– Лесно! Пиво многу, тоалети малку…
– – – – – – –
– И таа ми вели „Сакаш ли да бидеме само пријатели?!“
– А ти?
– Јас ѝ реков „Супер! И во пријателски натпревари се даваат голови.“
– – – – – – –
После с*кс:
– Мила, знаеш ли кој ја напишал книгата Кама Сутра?
– Не, но знам кој не ја читал!
– – – – – – –
Еден тип влегол во аптека и барал кондоми XXXXL. Аптекарката веднаш му дала кондоми и му понудила да ги тестираат позади рафтот. Излегло дека типот само пелтечел…
– – – – – – –
– Што би направил, ако дознаеш дека светот ќе исчезне после 10 минути?
– Ќе имам с*кс со тебе!
– А останатите 8 минути?
– – – – – – –
– Тато, како сум се појавил јас?
– Аптеката беше затворена синко!