Претходниот викенд бев на свадба кај едни пријатели. Ми стана смешно кога попот свечено кажа:
– А сега можете да ја бакнете невестата!
Тој веќе пет години ја „плеска“, а овој сега дозвола му дава…
– – – – – – –
Анкета во Скопје:
– Ви пречат ли провинцијалците?
– Не. – 2%…
– Да. – 3%…
– На кого му пречиме бе? – 95%…
– – – – – – –
– Еј, синооки!
– Мене ли ми се обраќате? Моите очи не се сини.
– Ти пиши и уште еднаш на жена ми и ќе ти станат сини.
– – – – – – –
На интензивна нега примаат ептен искршен маж.
Докторот:
– Што се случи? Да не доживеа сообраќајка со мотор?!
– Не… кивнав под креветот…
– – – – – – –
– Што ќе правеа жените ако на светот немаше мажи?
– Ќе почнеа да дресират некои други животни!
– – – – – – –
– Извинете келнеру, ќе може ли да ми ја спакувате храната за дома?! Не можам да изедам сè!
– Госпоѓо, тоа е шведска маса!
– – – – – – –
Поранешна касиерка во Мекдоналдс се вработила во аптека.
Влегува еден муштерија:
– Дајте ми три кондом!
– За тука или за дома?
– – – – – – –
Бизнисменот:
Чипсот е уметност да продадеш 50 грама компири по цена од 1 килограм.
Хомеопатот:
– Аматер!
– – – – – – –
– Треба да ве предупредам дека за 40 минути ќе се врати мажот ми.
– А зошто, кога јас ништо не правам?
– Е па времето лета!
– – – – – – –
– Душо, навистина многу си личиш на татко ти… очите, јаболчниците, дури и цицките!
– Татко ми нема цицки бе идиот!
– Да де да…