– Еј брат, да те прашам нешто?
– Кажи.
– Дали се плашиш од пајаци?
– Не, зошто?
– Затоа што еден сега ти ја крена колата!
– – – – – – –
– Душо, со колку си била пред мене?
– 15.
– Вчера ми кажа 12!
– Вчера за вчера.
– – – – – – –
Жена полицаец запира возач.
– Значи… Знаете ли зошто ве запрев?
– Па… да не сакате да ми го ис*ушите?
– Добро, господине. Излезете од автомобилот, раширете ги нозете и ставете ги рацете зад главата!
– Тооо… Знаев еј!!!
– – – – – – –
– Оче, згрешив.
– Браво ма… А јас те мислев за многу затуцана.
– – – – – – –
Маж во црква на исповед. Попот го прашува:
– Се откажуваш ли од Сатаната, чедо?
– Не можам оче, имам две деца од неа!
– – – – – – –
Гоцевски му подава на Станишковски, Станишковски на Илиев, страшен шут на Илиев, топката лета кон коментаторската кабина… Шледува ижмена во шоштавот на гоштите…
– – – – – – –
– Жено, виде ли кога излегував од морето како сите жени ме гледаа, уште сум во форма!
– Мадето ти беше надвор, Киро!
– – – – – – –
Адам и Ева – избркани од рајот…
Њутон – со потрес на мозокот…
Снежана – отровена…
А вие пак купувајте јаболка од пазар!
– – – – – – –
Еден дедо отишол да си ја земе пензијата. Ја зел, но не се вратил дома цела ноќ. Кога се вратил во 7 сабајле, бабата нервозна го прашува:
– Каде беше бе?
– Бев на стриптиз бабо и ја потрошив целата пензија.
Бабата уште понервозна му вели:
– Како не ти е срам! Целата пензија да ја потрошиш за да ти се соблекуваат некакви. Јас за 100 денари ќе ти се соблечам.
Гледал, гледал дедото и рекол:
– Евтиното си е евтино…
– – – – – – –
– Киро, тебе какви жени ти се допаѓаат, со големи гради или со убав задник?
– Јас сакам паметни жени.
– Добро бе не си интересен, сериозно те прашувам?