Мажот ја одвел жената на вечера на Св. Валентин. Романтична атмосфера, мажот често ѝ ја бакнува раката, а жената му вели:
– Драги, знам дека е Свети Валентин, но не мораш толку често да ми ја бакнуваш раката. Срам ми е од гостите во ресторанот.
– Морам душо, келнерот заборави да ми даде салфетка.
– – – – – – –
На 14-ти Февруари:
– Денес ако не користите презерватив, ќе биде скорпија, да си знаете!
– – – – – – –
13-ти Февруари официјално е прогласен за светски ден на депилацијата…
– – – – – – –
Утрото на 14 февруари:
– Лидија, сакаш ли да ми станеш жена?!
– Зоки, малку ли проблеми имаш?
– – – – – – –
Разговараат две пријателки на 15 февруари:
– Како си помина вчера?
– Па чудно право да ти кажам.
– Зошто?
– Зошто ли? Мојот ме однесе во убав ресторан на вечера. Дури на четвртото шише вино сфатив дека не го празнуваме Свети Валентин, туку Свети Трифун.
– – – – – – –
Ако се чувствувате осамени и несреќни на Св. Валентин, не заборавајте, дека и во останатите денови од годината исто така никој не ве сака!
– – – – – – –
– Мамоооо?!
– Кажи ќерко, што е?
– Може ли на 14 Февруари да спијам кај една другарка?
– – – – – – –
Соопштение до сите вработени во фирмата:
„Сите кои што по стар македонски обичај ќе го празнуваат Св. Трифун се ослободени од работа на 15.02. Оние кои ќе го празнуваат Свети Валентин да преземат мерки на претпазливост.“
– – – – – – –
Не е страшно ако нема со кого да си го честиташ Св. Валентин.
Страшно е ако нема со кого да си кажеш „На здравје!“ на Св. Трифун
– – – – – – –
– Докторе, жена ми го загуби гласот, и то баш пред Св. Валентин! Дајте совет!
– Ќе се вратиш на 15-ти во 3:30 часот наутро, целиот намачкан со кармин и ќе си го најде. Следниот!