– Знаете ли дека Македонија е на второто место во светот по корупција?
– Зошто на второ?
– Затоа што сме дале поткуп за да не не стават на прво.

– – – – – –

– Брат знаеш ли англиски?
– Да…
– А, што значи “Welcome?”
– Чергиче за пред вратата…

– – – – – –

– Мамо, мамо, во паркот има голи луѓе!
– Не им обрнувај внимание, миличко. Како што има домашни и диви животни, така има и диви луѓе. Е ова се такви диви луѓе!
– Мамо, тетката може и да е дива, ама тато си е наш, домашен.

– – – – – –

– Леле колку си се здебелилаааа…
– Простак! Така ли се зборува на жена?
– Ааа, извини! Мислев дека на твои години веќе не ти е гајле.

– – – – – –

Плавуша во аптека:
– Повелете, што ви треба?
– Тест за бременост.
– А каков?
– Негативен ако може…

– – – – – –

Мажот е на службено патување и ѝ пишува порака на својата жена:
– Тука без тебе, понекогаш ми станува многу тешко.
Одговор:
– Не се секирај! Јас најдов еден, на кого му станува многу лесно…

– – – – – –

– Драги, да знаеш само какви чизми видов во Сити Мол!!!
– Ме боли к* за твоите чизми…
– Дај да го бакнам да му помине, а после да тркнеме, а?

– – – – – –

– Душо, што сакаш да ти направам за вечера?
– Па, што ти е најлесно мила…
– Најлесно ми е да ти се налутам!

– – – – – –

Двајца беровски овчари си прават муабет додека си ги пасат стадата:
– Перо знаеш ли што е тоа виагра?
– Не, што е?
– Апче. Кога ќе го испиеш можеш да имаш с*кс 4-5 пати.
– Ахааа, нешто за смирување значи?

– – – – – –

– Докторе, што треба да сменам во начинот на живот за да ослабам?
– Треба да станувате порано!
– Од спиење ли?
– Не! Од масата!

Сподели на Facebook
пати видено