Запомнете, по празниците, сите ги враќаме вагите 5 килограми назад!
– – – – – – –
Разговараат две плавуши:
– Се прашувам, што да му земам на мојот за Нова Година?!
– Ти луда ли си!? Земи му го Мерцедесот!!!
– – – – – – –
Внимавајте по патиштата сега за празниците. Тие се полни со пијани мажи, кои им даваат на жените да возат!
– – – – – – –
Новогодишната магија навистина постои. На Нова Година свињите се претвораат во мезе, а луѓето се претвораат во свињи…
– – – – – – –
Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!
– – – – – – –
Нова Година е голем празник и за тоалетите. Наместо голите задници од кои им дошло преку глава, тие сега ќе видат многу нови лица!
– – – – – – –
Кога имав седум години, видов како во спалната Дедо Мраз се преоблекува во татко ми. Оттогаш знам дека тато не постои…
– – – – – – –
– Драги, што сакаш да ти зготвам за новогодишната ноќ?
– Тоа што ти е најлесно, душо!
– Да ти се налутам!?
– – – – – – –
Први јануари е најкраткиот ден во годината. Се будиш, замезуваш… а надвор веќе се стемнило…
– – – – – – –
Комшијата прашува едно дете во лифтот:
– Што ти донесе Дедо Мраз, детенце?
– Играчка на батерии.
– А на мама?
– И на мама исто!