1. Една среќа растура илјада таги.

2. Не можете да ги спречите птиците на тагата да минуваат над вашата глава, но можете да ги спречите да си прават гнездо во вашата коса.

3. Тој кој ја жртвува својата совест поради амбиции е како човек кој гори слика за да добие пепел.

4. Невидлива нишка ги поврзува тие на кои им е судено да се сретнат, во било кое време, место или околности. Нишката може да се тегне и витка, но никогаш не се кине. Ако сте отворени за сите нишки кои влегуваат во вашиот живот, како за златните, така и за оние обичните – од нив ќе можете да исплетете брилијантен, прекрасен живот.

5. Човек кој вели дека нешто не може да се направи не треба да го прекинува човекот кој веќе го прави.

6. Не е важно колку бавно одите, сѐ додека не застанувате.

7. Човекот кој помрднува планина прво започнува со пренесувањето на помалите камења.

8. Сите го гледаат насилството на надојдената река. Малкумина го гледаат насилството на насипите кои ја задржуваат.

9. Големите ветрови се немоќни во вознемирувањето на водите на длабокиот бунар.

10. Напнатоста е тоа што ти мислиш дека би требало да бидеш. Опуштеноста е тоа што си.

kineski

Сподели на Facebook
пати видено