Со население од над 1,3 милијарди и огромна историја на филозофијата и империјата, повеќето ќе се согласат дека Кина е фасцинантно место. Нејзиното влијание е толку раширено што ја прославуваме кинеската Нова Година во многу земји низ светот.

Сепак, некои кинески обичаи се помалку познати, а некои дури може да ве шокираат.

1. Постојат бракови со духови

Во руралните области на Кина живите можат да стапат во брак со мртвите. Ова се случува поради неколку причини: вереникот е смртно болен, или пак семејството сака да ја продолжи семејната лоза. Вдовицата учествува на свадбата каде што младоженецот е претставен како бел петел. Во некои случаи, таа исто така може да посвои иден наследник.

2. Врзаните нозе се сметале за знак на убавина

Ваквото врзување потекнува од 13 век. Целта била нозете да се вклопат во „лотус“ чевлите. Неизбежно, оваа практика водела до скршени прсти и трајно деформирани стапала.

3. Некои лифтови го избегнуваат бројот 4

На кинески, бројот 4 се смета за многу несреќен, бидејќи е сличен на кантонскиот збор за „смрт“. Со ова, многу лифтови во Кина го отстрануваат бројот 4.

4. Белата е бојата на жалоста

Белата боја е резервирана за смрт во Кина. Ова вклучува погребна облека и за гостите и за починатиот, заедно со цвеќиња и коверти со пари.

5. Црвени пликоа се чест подарок

За родендени, дипломирање и новогодишни прослави, црвените коверти исполнети со пари се популарни подароци. Оваа практика датира од династијата Чин, кога старите лица ги спојувале монетите со црвен конец. Ова било знак на среќа и средство за отстранување на зли духови.

6. Можеби ќе треба да понудите двапати

Кинезите од учтивост го одбиваат секој подарок барем еднаш, затоа ако нудите нешто понудете неколку пати, а ако ви нудат одбијте барем еднаш за да покажете почит.

7. Домашни миленици се сметаат за статусен симбол

Со тоа што повеќе кучиња се спасени од страна на активисти, многу од нив сега уживаат во ценета позиција како статус симбол меѓу новата средна класа. Овој симпатичен тибетски мастиф, наречен Биг Сплеш, бил купен за 1.5 милиони долари.

8. Врела вода е вода за пиење

Се чини дека западниот свет е опседнат со комбинирањето на топла вода и лимон, но кинеските луѓе со години пијат топла вода како начин за враќање на здравјето и намалување на болестите. Поради ова, не е невообичаено да им се послужи на гостите топла вода во ресторан, наместо вода со лед.

9. Си го покриваат лицето

Желбата да се има бел тен во Кина е голема. Затоа голем број на луѓе носат специјални маски, кога излегуваат на сонце.

10. Не споделувајте круши!

На кинески, „да се сподели круша“ звучи сосема исто како и „да се раздели“. Како последица на тоа, споделување на круши обично се смета за лош знак и знак дека пријателството може наскоро да се влоши.

Сподели на Facebook
пати видено