Скоро сите сме запознаени со катастрофата во Чернобил од април 1986 година и последиците што следеа. Просперитетниот град Припјат, во кој беа сместени членовите на семејствата на работниците во нуклеарната централа, стана „град на духови“ преку ноќ. Жителите биле евакуирани и тие никогаш нема да можат да се вратат во нивните домови.
10. Заштита за Реакторот 4
На крајот на 2016 година, 30 години по катастрофата во Чернобил, голем челичен и бетонски „саркофаг“ бил поставен врз Реакторот 4, затоа што постоела голема опасност од испуштање на смртоносна радијација. Била потребна една деценија да се конструира заштитната школка и 10.000 од најквалификуваните инженери и научници на планетата.
9. Коњите на Припјат
Пржевалскиев коњ редок и загрозен подвид на дивиот коњ, тие се прилично ретки денес и најчесто се наоѓаат во зоолошките градини. Во 1998 година овие коњи се појавиле токму во Припјат, затоа што повеќе немало луѓе и можеле нормално да живеат.
8. Дополнителни ефекти врз дивиот свет
Иако бројката на диви животни во оваа болест расте, експертите предупредуваат дека нивното здравје не е во најдобра состојба. Дивите свињи се мета на ловците, но радијацијата во нив може многу да им наштети на луѓето. Исто така има забележано разни појави на деформација и гигантизам кај животните, но и зголемена агресија кај волците.
7. Црвената шума
Во Црвената шума дрвјата престанале да растат а оние кои што паднале не се распаѓаат поради тоа што нема инсекти и други живи организми кои би ги разградиле.
6. Луѓето „сенки“
Многу луѓе тврдат дека почувствувале паранормални нешта во Припјат. Допири од невидливи сили, суштества кои се движат како сенка и деформирани луѓе. ТВ емисијата „Destination Truth“ направила истражување на областа и со помош на опремата забележале телесна топлина во еден од напуштените објекти.
5. Инцидентот со Реактор 4
Во 1997 година, за време на истражувањето на нуклеарниот физичар Андреј Харсухов се случила чудна работа. Тој истражувал околу Реакторот 4 и слушнал како некој човек бара помош. Тој помислил дека некој од туристите сакал да истражи и останал заробен внатре. Тој влегол внатре но таму немало никој, а останатите научници му кажале дека никој не влегувал таму 3 години и дека се активирал аларм и при најмал обид да се влезе во реакторот.
4. Луѓе уште живеат внатре во опасната зона
Иако е безбедно да се посети зоната за краток период, уште е опасно за да се живее таму. Но постарите луѓе познати како „бабушки“ не сакале да се преселат во новите домови во зградите во Киев и им било дозволено да се вратат во нивните домови само затоа што се стари и се „при крајот на животот“. Иронично е тоа што овие жени имале прилично долг живот и по нивното враќање.
3. „Професионални тури“ ви Припјат
Секоја година околу 10.000 туристи ја посетуваат областа и се сликаат во рушевините. Од морални причини туристичките водичи не дозволуваат туристите да земаат сувенири, но сепак некои од нив кои што имаат поголема вредност како часовници и накит често завршуваат на црниот пазар.
2. Местото ќе биде погодно за живот за 20.000 години
Додека да биде ова место безбедно за живот научниците ќе можат да вршат истражувања и да собираат податоци за последиците од катастрофата и како таа влијае врз животинскиот и растителниот свет.
1. Луѓето сè уште страдаат и денес
Иако поминаа над 30 години од катастрофата во Чернобил ефектите од неа се чувствуваат и денес. Ветровите ги прошириле смртоносните облаци и во други делови од Европа и поради тоа драстично е зголемен бројот на луѓе заболени од рак или други здравстени проблеми. Некои велат дека бројката на луѓето „оштетени“ од оваа катастрофа изнесува 4.000, одредени научници посочуваат дека бројката е милионска.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.