Џино Лопез објави видео на Јутуб за да побара помош од луѓето. Тој ја нуди сета своја заштеда за оној кој ќе го најде неговиот мобилен телефон, но не затоа што сака да си ги врати омилените игри.
10-годишното момче од Аргентина сака да си го врати мобилниот телефон кој го изгубил и каде што ги чувал единствените фотографии за сеќавање на неговата почината мајка.
„Здраво, јас сум Џино Лопез и јас сум од дистриктот Ренасимјенто. Денес го заборавив мојот мобилен телефон во кој има фотографии и видеа од мајка ми која почина кога бев многу мал.“, вели Џино.
Џино е роден пред една деценија во градот Кордоба. Неговиот татко го напуштил по раѓањето, а неговата мајка умрела од леукемија кога бил само бебе. Денес живее со Хулио Сезар, неговиот дедо од страната на мајка му. Тој го изгубил телефонот додека бил со баба му на училишна активност.
„Не сакам да го изгубам, бидејќи кога ми недостига, ги гледам видеата и го слушам нејзиниот глас, а не сакам да го заборавам нејзиниот глас или нешто слично“, вели тој во видеото кое брзо се ширеше низ социјалните мрежи.