Кога Мартин Писториус имал 12 години, неговото тело почнало да слабее за на крај, по неколку месеци, целосно да се парализира. Докторите не можеле да ја откријат причината за неговата болест. Но уште почудно е неговото чудесно оздравување. За помалку од десет години парализираност, на Писториус му се случило речиси библиско оздравување. Сега може да се движи во доволна мера за да може да си обезбеди постојана работа и свој сопствен дом. Во 2009 успеал и да се ожени со девојката од неговите сништа.
12-годишниот Мартин Писториус еден ден се вратил дома со болно грло и повеќе никогаш не се вратил на училиште. Неговото тело полека почнало да пропаѓа во текот на следните месеци. Првин страдало неговото сеќавање. Потоа му ослабнале мускулите, за на крај да падне во целосна кома.
Било решено младиот Мартин денот да го минува во болница, а секоја ноќ да го враќаат дома за неговите родители да се грижат за него. Помислата да загуби едно од децата било премногу за неговата мајка Џоан, и таа за малку не извршила самоубиство поради преголемата тага. За среќа, го надминала тоа и станала пример и поттик за детето.
На 16 години, Мартин полека почнал да станува свесен за себе. Почнал да формира сеќавања и мисли, но не можел да воспостави комуникација со неговите родители.
Со текот на времето успеал да ја поврати способноста да се насмевнува и да ја придвижува главата. Медицинските лица сфатиле дека Мартин се обидувал да комуницира и го опремиле со сложена машина преку која со помош на движењата на очите формирал сложени реченици регистрирани од компјутер.
Со зацврстувањето на неговата самодоверба и неговото тело почнало да зацврснува. Набргу можел да седи во подисправена положба и да извршува техничка компјутерска работа во болницата.
Мартин се запознал со Џоана преку неговата сестра Ким. Кога двајцата почнале да чатуваат онлајн, веднаш воспоставиле длабока поврзаност помеѓу себе. „Ти си најискрениот човек кој сум го сретнала“, му напишала Џоана по нивниот прв состанок во живо.
Двајцата се преселиле во Англија, и љубовта на Џоана како да инспирирала дополнителна физичка енергија во Мартин, успевајќи во целост да ја поврати подвижноста на неговото торзо. Се венчале во 2009 година.
Дури и членовите на неговото семејство не верувале дека ќе може да закрепне, но денес тој живее речиси сосема нормален живот. Својот живот во парализирана состојба го опишал во неговата книга која ја нарекол „Момчето дух“.