Долко време IMDb топ листите беа сигурен индикатор за квалитетот на филмовите. И за да додаде дополнителна интрига, страницата секогаш ја чуваше работата на неговиот алгоритам за селекција во тајност. Во пракса, Топ 250 изгледа како колекција на стари класици, модерни хитови и филмови кои моментално се популарни во кината. Но има и филмови што го уништуваат кредибилитетот на IMDb.
10. Логан (2016)
На некој начин Логан се вклопува во „што е модерно сега“ филм, модел кој што алгоритамот на IMDb се повеќе го одобрува. Логан не е лош филм, но е прилично нов и не може да се спореди со класиците и според многу тој прерано се најде на оваа листа.
9. Храбро срце (1995)
Овој филм е далеку од квалитетен. Тој е полн со „историски гафови“, кои што не би требало да се најдат во филм со историски жанр. Она што не може да се оправда е голема количина на ксенофобија очигледна во секој кадар: Шкотите се претставени како скромни, мирни луѓе, додека Англичаните се сурови и нечесни.
8. Исчезната (2014)
Еве ги имињата на некои филмови на Дејвид Финчер, кои не се на IMDb Top 250: Зодијак, Девојката со тетоважа на змеј и Социјалната мрежа. Не дека Исчезната не е добар и интересен филм, туку има и поинтересни режирани од Дејвид Финчер.
7. Пораката (1976)
Голем број на луѓе не слушнале за овој филм, но тој сепак се наоѓа на топ листата. Филмот се однесува на раѓањето на исламот и животот на пророкот Мухамед, со Антони Квин и Ирина Папас во главните улоги.
6. Помош (2011)
Овој филм со Ема Стоун и Виола Дејвис, е лош филм. Навистина, лесен е за гледање, достапен е за публиката од сите возрасти, и се занимава со голем број важни прашања околу расите. Но има други филмови поврзани со истата проблематика кои заслужуваат да се најдат на неговото место.
5. The Intouchables (2011)
The Intouchables е највисоко рангираниот француски филм на целата листа. Но вистината е дека филмот е прилично досаден и можете да заспиете додека го гледате.
4. Соба (2015)
Соба е половина добар филм, а тоа се однесува на првата половина од филмот во вториот дел сценариото се губи и се станува прилично монотоно. Филмот го добива вниманието поради тоа што станува збор за мајка затворена во една соба со нејзиниот син и луѓето се поврзуваат со таа приказна.
3. Хачи: Приказната за едно куче (2009)
Оваа приказна за кучето Хачи е одличен семеен филм, но не може да се спореди со филмските класици. Освен што луѓето плачат додека го гледаат овој филм нема некоја посебна тежина. Барем во филмот „Марли и јас“, има смисла за хумор.
2. Тројца идиоти (2009)
Имено, зборуваме за филм наречен „3 Идиоти“ кој не едопадлив е е предолг, но бидејќи е од Боливуд, благодарение на големиот број на население во Индија и нивните гласови овој филм се најде на топ листата на IMDb.
1. Хари Потер и Реликвиите на смртта: Дел 2 (2011)
Најверокатно се прашувате што не е во ред со овој филм, всушност филмот е добар, но ова е едниствениот филм од филмската сага за Хари Потер кој се најде на оваа листа. IMDb повторно го следи трендот на најнов или последен филм, а не на квалитетот и содржината.