Добрите дела не поминуваат неказнети? Во светот постојат добри луѓе кои би го ризикувале сопствениот живот за да ги заштитат другите луѓе, но тие не добиваат секогаш благодарност за нивните добри дела. Овие 10 луѓе добиле казна за нивната добрина и тоа покажува колку може да биде суров светот.
10. Оливер Сипл го спасил претседателот, па медиумите објавиле дека е геј
Оливер бил обичен граѓанин кој стоел во толпата која го пречекувала претседателот Форд. Кога жена од толпата извадила пиштол Оливер бил тој што ја спречил така што ја совладал и го земал пиштолот од нејзините раце. Тој не сакал медиумите да го објават неговото име, но тие не само што не ја почитувале неговата молба туку на насловна страна објавиле приказна во која објаснуваат дека тој е геј и посетува геј барови. Семејството на Оливер не знаело дека е геј и оттогаш животот му станал пекол. Оливер станал депресивен и алкохоличар и починал на 47 години.
9. Спасувач бил отпуштен затоа што спасил давеник
Томас Лопез бил спасувач на плажа во Флорида и кога забележал дека човек се дави нормално тргнал да му помогне. томас го спасил човекот, но наместо пофалба добил отказ, затоа што од компанијата за која работел му кажале дека давеникот се наоѓал во зона надвор од нивната надлежност и не требал да го спаси. Уште 6 спасувачи го поддржале Томас, но и тие добиле отказ.
8. Вероника Червински била уапсена затоа што спасила пријател од предозираност
Кога вероника забележала дека нејзиниот пријател се предозирал повикала брза помош и полиција. Човекот бил спасен но Вероника завршила во затвор затоа што во нејзиниот дом била пронајдена дрога. Според законите во САД кога одредена личност се јавува за да спаси живот од предозираност, не треба да биде уапсена доколу и самата консумира дрога. Но, на полицајците не им било грижа и сепак таа била затворена.
7. 90-годишен човек бил затворен затоа што ги хранел бездомниците
Арнолд Абот и двајца свештеници ги хранеле бездомниците во близина на локален парк. Тогаш пристигнала полицијата, му ставила лисици и му кажале дека ќе треба да плати казна од 500 долари и да одлежи 60 дена во затвор поради тоа што било забрането со закон да се хранат бездомници во круг од 150 метри во населена област.
6. Таргет тужел тројца мажи затоа што спасиле живот на девојче
Леон Валас полудел и тргнал низ улиците со нож и почнал да ги повредува случајните минувачи. Тогаш влетал во продавница на Таргет а тројца мажи тргнале по него за да го спречат да не повреди уште луѓе. Тогаш тој грабнал 16 -годишно девојче и почнал да ја боде со нож во ребрата. Мажите го совладале а девојчето преживеало. Таргет ги тужел мажите затоа што тие сметаат дека мажите го „навеле“ Леон да влезе во продавницата и да го стори делото.
5. Пар бил уапсен затоа што пронашле мет во куќа која ја изнајмувале
Мајкл и Шанел Кели сакале да ја направат исправната работа и кога дознале дека нивните станари биле уапсени за поседување мет, тргнале ја проверат куќата која ја изнајмувале. Тие ја пронашле куќата во целосен хаос, а во ѕидот имало 8 кесички метамфетамин. Како добри граѓани тие веднаш викнале полиција. Но, кога полицијата пристигнала ги упасила затоа што сметале дека тие ги оставиле кесичките таму. На крајот обвинението било повлечено, но двојката поминала неколку дена во затвор и платиле кауција од 5.000 долари, само затоа што одлучиле да постапат правилно.
4. Синот ја тужел болницата затоа што го спасиле животот на неговата мајка
Кога 83-годишната Беатрис доживеала срцев удар лекарите веднаш пристигнале да и помогнал и да ја оживеат. Но веднаш потоа им била врачена тужба од нејзиниот син затоа што Беатрис потпишала документ во кој се налага дека доколку нејзиното срце почне да откажува лекарите не треба да ја спасуваат. Но, во целата збрка на лекарите не им текнало да побараат таков документ и болницата требала да плати 250.000 долари и по 180.000 за секоја година која ќе ја преживее Беатрис.
3. Рајан Снодграс бил уапсен затоа што спасил живот на 13-годишно девојче
Рајан бил кајакар во Колорадо кога забележал како 13-годишно девојче се мачи да ја одржи главата над водата откако нејзиниот кајак се превртел. Таа веќе пливала половина час и власите интензивно ја барале. Рајан веднаш го спасил девојчето и го однел на безбедно. Но, кога пристигнала полицијата наместо да го пофалат му ставиле лисици и го однеле во затвор под изговор дека со тоа што тој го спасил девојчето им пречел на властите во извршување на нивната работа. Тогаш се кренала голема врева да се ослободи Рајан, но шерифот се согласил да го солободи само доколку Рајан даде јавно извинување бидејќи ја попречил работата на полицијата и да признае дека шерифот е во право. Рајан буквално морал да каже дека му е жал што го спасил животот на девојчето.
2. Жена го тужела лекарот затоа што и дијагностицирал сида
Доктор Павел од Њујорк се сомневал дека неговата пациентка немала само недостаток на витамин Б12 туку дека се работи за нешто поголемо и сакал да направи тест за ХИВ. Но, жената одбила велејќи му дека се чувствува сосема здрава затоа што во последниот период изгубила многу тежина и му кажала дека сега е „слаба и секси“. Но Павел сепак направил анализа и на наредниот преглед и соопштил дека има сида, но дека ја открил на време и може да почне со терапија. Но наместо благодарност Павел добил тужба затоа што ги направил испитувањата без согласност на пациентот.
1. Пенг Ју бил тужен затоа што и помогнал на една старица
Пенг забележал дека една старица паднала на улицата кога се симнувала од автобусот и тргнал да и помогне. Тој дури и ја однел во болница и ја платил сметката. Но, наместо благодарност старицата кажала дека тој ја турнал и го тужела. Иако имало неколку сведоци кои тврделе дека Пенг не бил воопшто во близина на старицата кога таа паднала, судија одлучил дека „не е можно некој толку да помогне на личност доколку не чувствува вина“ и Пенг добил казна од околу 6.000 долари. Оттогаш луѓето во Кина се плашат да им помагаат на повредени луѓе затоа што постои закон според кој повредените можат да ги тужат луѓето кои што им помогнале.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.