Училишните правила се неопходни за да се воспостави здрава и позитивна средина за секој ученик да расте и да учи. Но, некои правила отстапуваат и тешко е да се оправдаат и можат да се изнесат многу дискусии помеѓу училишниот менаџмент, наставниците, родителите и психолозите. Ова е список на најнеобични и контроверзни училишни правила и казни низ целиот свет.
10. Замрзнат грашок
Една ученичка од Кина објавила фотографија од нејзините колена откако добила казна да клечи на замрзнат грашок. Некои тврдат дека оваа практика е честа меѓу наставниците и родителите низ цела Азија.
9. Најдобри пријатели
Училиштата во Англија и пошироко почнуваат да им забрануваат на учениците да имаат најдобри пријатели. Некои родители, наставници и психолози тврдат дека децата подобро се вклопуваат ако имаат поголеми групи на пријатели. Покрај тоа, никој не се чувствува изоставено. Критичарите тврдат дека најдобрите пријатели донесуваат доживотни вредности. Една студија на Child Development покажа дека оние луѓе со најдобри пријатели имаат подобро ментално здравје во текот на нивниот живот.
8. Бојадисување на коса
Училиштата во Токио им забрануваат на учениците да ја бојадисуваат косата. 57% од јавните училишта во главниот град бараат од учениците да докажат дека нивната коса е во нивната природна боја. За да бидат сигурни дека децата не ги лажат некои од нив бараат од родителите да им донесат фотографии од децата кога биле мали.
7. „Сиромаштија“, „родендени“ и уште 48 други зборови
Одделот за образование во Њујорк забрани голем број зборови да се користат во стандардизираните тестови издадени од градот. Студентите кои се Јеховини сведоци можеби не се чувствуваат удобно да зборуваат за родендени бидејќи не ги слават. Зборовите како сиромаштија, развод и болести се исфрлени, бидејќи тие можат да доведат до болни сеќавања или да се однесуваат на семејната ситуација на детето.
6. Црвено мастило
Ние пораснавме со наставниците кои што ги обележуваа нашите задачи со црвено мастило, во светла боја за да ги истакнат сите наши грешки. Овие денови, црвено мастило е забрането од многу училишта во Австралија и Велика Британија. Некои тврдат дека црвеното мастило може психолошки да им наштети на децата, бидејќи бојата ги демотивира учениците или носи страв и притисок. Зелена, розова, жолта, виолетова и сина се порелаксирачки и затоа почесто се користат.
5. Кревање рака
Вековната практика на кревање на рака за да се одговори на прашање, според едно училиште во Нотингемшир, е бескорисна и е забранета. Директорот на училиштето тврди дека секогаш исти ученици креваат раце. Ова не го поттикнува и поддржува учењето на другите во класот. Сега наставникот може да избере кој било ученик да одговори на прашањето. Некои родители тврдат дека сега нивните деца се чувствуваат нервозни и исплашени. Тие може да бидат избрани кога не го знаат одговорот и ќе ја изгубат можноста да одговорат на прашањето што го знаат.
4. Дезодоранс
Едно средно училиште во Пенсилванија го забранило AXE спрејот за тело откако ученикот имал сериозна алергиска реакција и бил однесен во болница. Ова не бил прв случај. Повеќе училишта почнале да забрануваат дезодоранси, поради алергиски реакции, предизвикување на пожари и вклучување на алармот за пожар.
3. Попладневна дремка
На учениците во Кина им е дозволено да имаат дремка од 30 минути во текот на денот. Наставниците веруваат дека дремењето може да ја подобри меморијата и да обезбеди енергија за понатамошно учење. Учениците во основно училиште можат да легнат на клупите и да им дозволуваат да донесат ќебиња и перници. Постарите ученици треба да се одмараат во седечка положба, што често резултира со нееднаков развој на мускулите и проблеми со ‘рбетот.
2. Одење во тоалет
Средно училиште во Чикаго го ограничува бројот на тоа колку пати секој ученик може да оди во тоалет: 3 во едно полугодие. Директорот им објаснил на родителите дека поголем број на децата одат во тоалет за да не присуствуваат на часовите.
1. Стоење на раце
Азија е позната по тоа што е строга со своите ученици и дава невообичаени казни. Една од нив е тоа што учениците стојат на рацете за доцнење или разговор за време на часот. Листата, исто така, вклучува склекови, трчање или држење на рацете во воздух.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!