Кога Карен Едвард, триесет и едногодишна медицинска сестра, и нејзиниот партнер Шон Бајис обзнаниле дека ќе патуваат околу светот со нивното новороденче Есми, сите мислеле дека се луди. Со, со оглед на тоа дека долго време патуваат со ранци, тие спакувале сѐ во еден ранец, го зеле нивното девојче старо само десет недели и заминале на пат. Азија, Австралија и Нов Зеланд ги очекувале.

„Крајната цел беше да ги инспирираме истомислениците родители кои сакаат да патуваат – вашите патнички денови не завршуваат со станувањето родител“, вели Карен. „Се работи само за тоа да ја вклучите и вашата малечка личност во вашиот начин на живот. Сѐ уште можете да правите сѐ, вклучително и нуркањето, само што сега тоа треба да го правите на смени. Не можам да замислам мајчинските денови да ги живеам на друг начин.“ Тројцата патници во моментот се наоѓаат во Тајланд, по што следува Камбоџа.

„И јас и Шон бевме бекпакери пред да забременам“, вели 31-годишната медицинска сестра.

pt01

„Сите мислеа дека начисто сме полуделе кога кажавме дека ќе патуваме заедно со Есми“.

pt02

Но, Шон ја напуштил својата работа, ја продал нивната кола, ја изнајмил нивната куќа и заедно со нивното 10 недели старо бебе заминале на пат.

pt03

Во текот на 10 месеци, тие пропатувале низ Азија, Австралија и Нов Зеланд, само со еден ранец багаж.

pt04

Пред да заминат од Велика Британија, Есми била вакцинирана.

pt05

„Малата госпоѓица се роди во Лондон, има мајка од Ирска и татко од Нов Зеланд…“

pt06

„Девојчево е родено за патување!“

pt07

„Навистина добро се однесуваше.“

pt08

„Бидејќи беше малечка, продолжувањето кон наредната одредница беше лесно.“

pt09

„Не жалиме за ништо, таа има можност да доживее нови глетки и мириси како што расте.“

pt10

„Единственото нешто што почувствував дека ѝ недостасува е социјализирањето со други деца.“

pt11

„Но, библиотеките секогаш имаат бесплатни часови ако имате потреба малку да го социјализирате вашето дете.“

pt12

„Најчудниот дел од патувањето всушност беше враќањето дома.“

pt13

„Есми веќе долг период не живееше на едно место, бидејќи постојано се движевме наоколу.“

pt14

„Исто така, потешко е да ѝ се најде нешто да прави во Лондон, барем во споредба со патувањето.“

pt15

„Луѓето велат дека кога ќе ви се роди дете, сѐ ви се менува, но всушност и не е така.“

pt16

„Очигледно, има моменти кога ви ќе ви се припие пиво, а бебето спие.“

pt17

„И кога ќе го отворите, таа ќе се пробуди, тоа ја отежнува работата малку. Но вреди.“

pt18

„Сѐ уште можете да правите сѐ, дури и да нуркате. Само ќе треба тоа да го правите на смени.“

pt19

„Не можам да замислам да го поминам мајчинството на било кој друг начин.“

pt20

„Преку ова искуство, сакам да споделам информации, лични приказни како и совети за патување со вашите малечки“.

pt21

„Крајната цел е да се инспирираат родителите истомисленици кои сакаат да патуваат.“

pt22

„Не мора да значи дека на вашите денови на патување им е дојден крајот.“

pt23

„Сѐ што треба да направите е да го вклучите вашето малечко во вашиот начин на живот.“

pt24

Тројцата патници неодамна заминале од Бангкок, на уште една тринеделна авантура.

pt25 pt26

Сподели на Facebook
пати видено