Повеќе различни групи на древни воини доаѓале во овие карпи во централна Турција за да изградат домови и да се борат против нивните непријатели. Се раскажуваат легенди дека овде минале и Амазонките, а историјата покажува дека Хетитите, Персијците, античките Македонци  и Римјаните некогаш владееле со овие краишта во различни периоди.

Долга историја

kp01

На овие карпи живееле луѓе со илјадници години. Во грчките митови се верува дека Амазонките, жени воини, некогаш скитале по овие ридишта. Древните Хетити, Македонци и Римјани во различни периоди од историјата исто така се нашле во Кападокија.

Врвови и долини

kp02

Вулканите помогнале да се создаде овој уникатен пејзаж. Првин тие сѐ покриле со пепел. Со текот на времето, пепелта се претворила во мек камен, познат како туф. Ветерот и водната ерозија ги формирала сите тие столбови и конусоидни форми кои сега го покриваат пејсажот, однесувајќи ги помеките материјали при што останале само потврдите камења. Некои од овие камени шилци се повисоки од триесет метри.

Издлабени карпи

kp03

Природната ерозија ги однела помеките камења во Кападокија, но луѓето наскоро ги забележале особините на карпите и почнале да ги употребуваат како природни засолништа. До четвртиот век од нашата ера, Кападокија станал буен град…и се наоѓал под земја.

Подземниот град

kp04

На некои места се разликуваат осум подземни нивоа. Подземните простории и тунели и денес останале речиси недопрени од забот на времето.

Земјата на Амазонките воинки

kp05

Кападокија успеала да насобре долга историја со текот на годините, како што се раскажува во митовите. Древните Грци раскажуваат дека некогаш во овие краишта живееле Амазонките. Според легендата, тие биле првите луѓе коишто скротиле коњи. Амазонките им помогнале на Тројанците во големата Тројанска војна.

Стари рушевини

kp06

Во 12. век пр.н.е. тука живееле Хетитите, а по нив дошле Персијците. И токму Персијците го дале името Кападокија, коешто значи „Земја на прекрасни коњи.“

Александар Македонски

kp07

Александар Македонски лично пројавал низ Кападокија во неговата војна против Персија. Во четвртиот век пр.н.е. целиот регион паднал во македонски раце.

Империја

kp08

Подоцна дошле Римјаните, околу 20. година од нашата ера, и владееле неколку стотини години. На крајот Кападокија потпаднала под власта на Отоманската империја.

Културно наследство

kp09

Кападокија е толку прекрасна и толку уникатна, што голем дел од овие краишта бил прогласен за светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Во Кападокија е популарно летањето со балони, и се нудат неколку различни тури со балони над градот. Еден од најдобрите начини да се види градот е од небесните височини.

Во карпите

kp10

Издлабените карпи сѐ уште се употребуваат за домови, хотели и деловни простории.

Сподели на Facebook
пати видено