Во текстот кој следува, наведени се основните правила и услови за користење на содржините на МОТИКА (motika.com.mk) – платформа која обезбедува веб услуги (во понатамошниот текст: портал или МОТИКА).
Ве молиме внимателно да ги прочитате и целосно да се запознаете со овие правила и услови, пред да започнете да го користитите порталот или услугите кои ги обезбедува истиот. Со користење или пристапување до услугите и содржините, Вие ги прифаќате правилата и условите на порталот. Доколку со истите не се согласувате, не почнувајте со коритење на порталот или услугите на порталот.
Со секое испраќање на материјали за објава до нас, обврзани сте да го обележите копчето „се согласувам со условите на користење“ или пак со самото пристапување, користење или пребарување низ овој веб портал или на некој материјал од него, Вие, во Ваше име или во име на Вашата компанија, прифаќате и потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со сите правила и услови за користење. Со стискањето на ова копче при праќањето на материјалите ќе сметаме дека сте во целост запознаени со условите и правилата на користење и ги прифаќате. Материјалите кои ги испраќате до нас, заедно со Вашите податоци, се чуваат најмалку 30 дена на нашите сервери, согласно важечките закони во Република Македонија.
МОТИКА го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови.
Заштита на лични податоци
Вие може да го користите нашиот портал без да се регистрирате.
Личните податоци кои се добиени од Корисникот кој испратил материјали за објавување, се употребуваат за: комуникација помеѓу МОТИКА и Корисникот. МОТИКА ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи пропишани со закон.
Нелични идентификувачки информации
МОТИКА, исто така, може да собира и информации кои не се лични, но можат да бидат идентификувачки како што се ИП адреси или локацијата на Вашиот компјутер на интернет, број на посети, кој интернет пребарувач се користи, просечно време поминато на страницата.
Овие информации ние ги користиме за администрација на системите и за решавање на проблемите, за подобрување на содржината и изгледот на социјалниот веб портал, како и за давање на збирни информации на огласувачите и на останатите партнери. Ние може да откриеме нелични податоци во збирна форма на трети лица или огласувачи, на начин на кој Вие не можете да бидете идентификувани, односно да се откријат демографски податоци.
Овие информации се чуваат во нашите сервери во временски период од најмалку 30 дена од денот да добивање на истите.
Промена на податоците
Корисникот може во секое време да контактира со МОТИКА преку е-меил и да побара промена на личните идентификациони податоци кои ги дал, како и да побара бришење и отстранување на личните податоци од базата на податоци на порталот.
Барањата можете да ги испратите на следната е-меил адреса, motika101@gmail.com. Во барањето наведете го Вашето име и презиме, е-меил адресата и податоците кои сакате да ги промените. Во случај кога ќе добиеме вакво барање, може да побараме од Вас да ги потврдите сите промени во личните податоци.
Ограничување на одговорност
Издавачот на порталот не гарантира дека порталот и сите негови содржини и делови ќе бидат секогаш достапни и на располагање на корисниците, како и дека нема да содржат грешки, ниту гарантира за точноста и сигурноста на информациите и материјалите, услугите и производите објавени на МОТИКА, како и за последиците кои можат да настанат со употреба на истите.
Корисникот се согласува дека користењето на оваа веб страна е на негова одговорност. Во случај на некој проблем со него, материјалот од МОТИКА или некој производ и/или услуга добиени од или преку него, единствено решение за Вас е да престанете да го користите тој производ/услуга.
Корисникот потврдува дека порталот не е одговорен за несоодветно, навредливо и противзаконско однесување на другите корисници на порталот и дека ризикот од евентуалната штета што ќе настане како резултат на таквото однесување е на Корисникот. Ниту ние, ниту физичките или правни лица кои придонесуваат во овој портал, и неговите поврзани содржини, како и кој било софтвер нема да бидат одговорни за евентуалната штета што би настанала како последица на користење или неможност за користење на МОТИКА.
Корисникот се согласува дека за каква било штета тврдења, процеси, повреди, одговорности, загуби, трошоци и надоместоци на штета, вклучувајќи ги и трошоците за правно застапување кои би произлегле од Вашата употреба на овој портал нема да го смета за одговорен МОТИКА порталот, ниту сопствениците, вработените лица и агенти, наследници и доверители.
Информациите за луѓето и местата кои се содржат на МОТИКА не претставуваат факти или препораки од наша страна.
Коментарите на содржините на порталот, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин.
Рекламните содржини објавени на порталот не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин.
Права, обврскии информации за корисниците
Пред да бидат објавени, сите поднесоци се прегледуваат. Доколку одредени поднесоци содржат навредлива и тендециозна содржина тие нема да бидат објавени.
Вие како корисник на МОТИКА не смеете на содржините на порталот да внесувате заканувачки, штетни, нелегални или навредливи податоци, информации, клевети, материјали или друга содржина, да промовирате електронска комуникација со други интернет страници кои се конкурентни на МОТИКА и да вршите политичка или верска пропаганда.
Не е дозволено копирање, преземање, менување, адаптација, отстапување на трети лица, да ги складираат во електронска или каква било друга форма или било какво друго користење на содржините објавени од МОТИКА без претходно писмено одобрување од сопствениците на порталот.
Забрането е објавување, испраќање и размена на содржини со кои се повредуваат македонските закони, вклучувајќи невистинити, навредувачки, злоставувачки, вулгарни, расистички и други содржини кои поттикнуваат омраза, содржини со кои се врши повреда на авторски и сродните права, и за сето ова одговорноста ќе ја сноси корисникот.
Забрането е неовластено оддавање на лични податоци на трето лице, неовластено собирање, чување, пренесување и користење на било какви лични податоци на корисниците на порталот како и лажно претставување со цел на закана, манипулација, измама или доведување во заблуда на корисниците и издавачот.
Забрането е било какво попречување или оневозможување на користење на порталот на другите корисници.
Забрането е свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси, датотеки и програми кои можат да предизвикаат попречување, ограничување на работата или уништување на било каква компјутерска и друга слична опрема.
Посетителите на порталот МОТИКА имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.
Не е дозволено објавување или поставување линк со содржина која е непристојна или на кој било начин неприфатлива и навредлива.
Не е дозволено вклучување, поврзување или промовирање на нелегални активности или содржини на овој портал.
Не е дозволено како Корисник да објавувате содржини кои не се Ваши – доколку немате авторско право или е нечиј личен материјал.
Не е дозволено објавување или поставување директен линк до која било вулгарна содржина насочена кон трето лице, организација или установа.
Воздржете се од влегување во расправија и вербална битка преку страната на МОТИКА.
Редакцијата на порталот го задржува правото да ги отстрани или воопшто да не ги објави, без претходно известување, сите содржини кои се во спротивност со правилата и условите на користење.
Право на интелектуална сопственост и авторски права
Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на порталот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.
Вие како корисници, односно носители на авторското морално и материјално право на сите материјали – авторски дела (колумни, статии, слики и друго) кои ќе ги испраќате за објава кај нас СТЕ СОГЛАСНИ да ги пренесете авторските материјални права на овие материјали на МОТИКА во целост без надоместок, за период од 10 години, односно ни го пренесувате правото на искористување на вашето авторско дело како што е право на умножување, право на пуштање во промет на делото, право на јавно соопштување на делото и право на преработување на делото.
Вие сте согласни да не влегувате во каква било активност која претставува прекршување на авторските права во однос на материјалот од порталот МОТИКА.
Крајните корисници на овој портал не треба да поставуваат, објавуваат или на друг начин да прават достапни материјали кои подлежат на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без одобрение на носителот на тие права. Корисникот е одговорен за штетата што ќе ја направи со објавување на материјали без согласност на носителот на авторското право, злоупотреба на трговска марка и други права на интелектуална сопственост. Во тој случај корисникот како таков единствено е одговорен за евентуалната штета настаната со кршење на овие обврски и правила. Дали некој од материјалите на интернет страницата се заштитени со некои од правата, корисникот мора сам да се информира, па со тоа МОТИКА нема обврска да објавува такви информации.
Крајниот корисник со поставување и објавување на информациите и материјалите ни доделува бесплатно, неповратно, временски неограничено, неексклузивно право и лиценца за користење, прилагодување, објавување и дистрибуција на тој материјал во било која форма.
Сите права кои не се отворено дадени се задржани за сопствениците и уредувачите на МОТИКА.
Прифаќате дека МОТИКА порталот ги селектирал, усогласил, уредил и приспособил податоците и информациите во однос на статиите, сликите, видеата, огласите, пораките, местата како и профилите на поединечните корисници кои доброволно ги доставиле до нас.
Како корисници сте согласни дека не смеете да репродуцирате, дистрибуирате, јавно изведувате или јавно објавувате материјали од порталот или од кој било дел без претходна писмена согласност од нас. Ако не е во согласност со Условите за користење или ако не е поинаку одобрено од наша страна по писмен пат, не смеете, директно или индиректно, да пренесувате, симнувате, закачувате, прикажувате, продавате, изнајмувате, лиценцирате, префрлувате, објавувате, копирате, ставате во рамка, разложувате, расклопувате или употребувате ниту еден аспект од овој веб портал или некој материјал од неа, целосно или делумно, во која било форма или на кој било начин.
Ние сме посветени на почитување на авторското право и законите од соодветната област и очекуваме од сите корисници на МОТИКА, исто така, да ги почитуваат овие закони. Користењето на овој портал за пренесување на каква било содржина или за вклучување во каква било активност која ги нарушува авторските права или некое друго право на трето лице, значи прекршување на овие Услови за користење.
Вие му гарантирате на МОТИКА порталот дека сте сопственик, или сте поинаку законски овластени да употребувате податоци, материјали или друга содржина која ја пренесувате до или преку порталот, како и тоа дека нивната употреба не го прекршува авторското право или законите од соодветната област и нема да повреди некоја личност или правно лице.
МОТИКА е исто така, носител на авторските права на целосната идејна содржина на интернет страницата www.motika.com.mk и начинот на нејзиното функционирање.
Доколку вие како корисник на порталот имате забелешки за какво било наводно нарушување на авторските права наовој портал, треба да ни ги испратите до МОТИКА на следната е-меил адреса: motika101@gmail.com.
Општи услови
МОТИКА го задржува правото во секој момент, и без претходно да даде известување, доколку смета дека е потребно, да укине или измени било кој од овде наведените Услови на користење на порталот.
Во случај да дојде до промена на Условите на користење, а корисникот продолжи да ги користи услугите на нашиот портал, ќе се смета дека ги прифаќа Условите на користење во изменетиот облик. Секоја евентуална измена или бришење на Условите на користење стапува на сила веднаш по објавувањето на интернет страницата www.motika.com.mk.