Џони Ворд потекнува сиромашно ирско семејство, имал проблеми со авторитетот и ја мразел помислата да работи секој ден од девет до пет. Се занимавал со разни работи, па дури и се пријавил за медицински експерименти, пред да се скраси на високо платено работно место во продажбата кадешто заработувал 20.000 долари месечно. Но, по неколку месеци Џони решил дека му е доста од тоа. „Сфатив дека со овој еден живот кој го имам, не сакам да го минувам времето од понеделник до петок затворен во место во кое не сакам да бидам“, напишал Ворд на Фејсбук.
Ворд го започнал патничкиот блог step4ward, и штом почнал да му носи приходи, ја основал step4wardmedia. „Го поврзував концептот на заработување пари на интернет со оној вид на по малку шарлатанска личност“, изјавил тој за Бизнис Инсајдер. „Не можев да разберам како луѓето го прават тоа, и потоа кога и јас почнав, мојата реакција беше – не можам да поверувам.“
Ворд работи виртуелно со четири други луѓе по неколку часа секоја недела со неговиот лаптоп, заработувајќи 1000 долари дневно и покрај постојаното патување, па дури и си нашол девојка стјуардеса. Планира да ја посети секоја земја и досега посетил 152 од вкупно 193 земји во светот.